Мени

Вонредна вакцинација за децата во Средорек

26.04.2012 15:13 | KumanovoNews

 Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом денеска во населбата Средорек, организираa вонредна акција за вакцинација, по повод Европската недела на имунизација.

Вонредна вакцинација за децата во Средорек

Стотината родители беа повикани да ги донесат децата на вакцинација, затоа што тоа не го сториле во редовниот термин.

Одзивот засега е многу мал, бидејќи дојдоа само триесетина посто од родителите со децата. Се работи за деца кои не се вакцинираат редовно или воопшто не се вакцинирани. Целта на оваа недела е да се најдат сите деца кои не се редовно вакцинирани, како оние кои и живеат во рурални средини и немаат можност редовно да ги донесуваат децата -вели докторка Јадранка Стеменковска.

Најголем број на невакцинирани деца има во населбите Средорек, Бавчи и Анѓа Ранковиќ. Таму дури 50 проценти од децата не ги примаат вакцините. Вкупниот процент имунизација на територијата на трите општини Куманово, Липково и Старо Нагоричане излегува 95 проценти.