Мени

Воз смачка кола на железничкиот премин во Черкеско село

17.08.2012 17:45 | KumanovoNews

 Две лица се тешко повредени, а три поминале со полесни повреди кога попладнево воз удрил во автомобил на железничкиот премин во Черкеско село.

Воз смачка кола на железничкиот премин во Черкеско село

 Несреќата се случила во 18.30 часот кога Илир Зејнели од Черкеско село со неговиот автомобил фолсваген пасат со кумановски регистарски таблички не сакал да застане пред спуштената рампа. Ја заобиколил и тргнал да ја помине пругата кога на него налетал воз кој што туку тргнал од Железничката станица Куманово. Локомотивата удрила директно во колата која се превртела и излетала од патот.

Повредените се пренесени во кумановската болница, а двајцата тешко повредени итно се префрлени во Скопје. Полицијата извршила увид и работи на утврдување на причините за несреќата. Железничкиот сообраќај беше во прекин околу 2 часа.