Мени

Вработените учат Прва помош

23.09.2010 07:48 | KumanovoNews

 Во Куманово од почетокот на оваа година до септември за Прва помош се обучени 58 вработени.

Вработените учат Прва помош

 Зголемен е интересот на вработените за посетување на обука за Прва помош која ја организира општинската организација на Црвениот крст во Куманово. Во Куманово од почетокот на оваа година до септември за Прва помош се обучени 58 вработени.

Црвениот крст во Куманово врши постојана oбуката на вработенита, а двата дела од испитот се полагаат истиот ден се со цел да не се губи време, затоа што фирмите обично се временски ограничени од страна на инспекциските служби- вели Бојан Петрушевски вработен во  Црвениот крст - Куманово.

Покрај курсот кој е задолжителен за вработените, секоја фирма треба да поседува и кутија за Прва помош.

Трета година по ред е на сила Законот за заштита на вработените, според кој фирмите и институциите на секој дваесетти работник треба да имаат по еден оспособен кој ќе  дава Прва помош во случај на повреда на работното место на организацијата, а оние и со повеќе вработени по двајца.