Вратен од Табановце заради издржување казна затвор
06.09.2014 10:08
| KumanovoNews
Мирче С.(26) вчера е вратен од граничен премин Табановце бидејќи требал да издржува затворска казна.
Од полициски службеници на граничен премин Прешево, Република Србија околу 14.05 часот екстрадиран е Мирче С. од Република Македонија кој имал бугарска лична карта за да издржува казна затвор за сторено кривично дело кражба.
Мирче С. е превземен од инспектори од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР на РМ и е спроведен до затвор КПУ-Струмица.