Второ прскање против крлежи
31.07.2012 11:02
| KumanovoNews
Прскање против крлежи ќе има на 6 и 7 август по вторпат ова лето со цел да се спречи ширење на заразни болести.
Јавните површини ќе се третираат во раните утрински часови со контактени инсектициди. Зелените површини што ќе бидат опфатени со прскање ќе бидат видно обележани. Не се препорачува подолг престој на прскани површини како за луѓе, така и за животни.