За лажно вработување зела 1650 евра
20.11.2012 13:13
| KumanovoNews
Кумановка измамила сограѓанка ветувајќи и дека ќе го вработи нејзиниот син во полиција.
К.Т.(35), пред две години ја излажала З.Ј.(55) дека син и ќе го запосли во полиција, при што за услугата и побарала 750 евра. Откако бил објавен конкурсот за прием на полицајци годинава, измамничката и кажала на З.Ј. дека син и ја добил работата и земала уште 900 евра.
Мајката откако увидела дека е измамена, случајот го пријавила во полиција. К.Т. од семејството земала вкупно 1650 евра и ќе одговара за кривично дело „измама„.