Мени

За насилство на децата не треба да се молчи

06.03.2010 14:42 | KumanovoNews

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ започна кампања под мото „За насилството не треба да се молчи“, која има цел да ја информира јавноста за насилството на кое се изложени децата во Македонија.

За насилство на децата не треба да се молчи

Анализата на податоците, добиени од работата на СОС-телефонот во последните неколку години покажале дека се зголемени пријавите за злоупотреба и насилство на децата. Последиците се многу сериозни по развојот на детската личност. Стравот, несигурноста, ниската самодоверба, недовербата во институционалната заштита и неинформираноста за службите кои треба да обезбедат помош и подршка се најчесто причината поради која децата молчат и го трпат насилството.

Преку оваа кампања сакаме да ги охрабриме децата да го пријавуваат насилството на СОС - телефонот за деца и млади 0800 1 2222. Неопходно е да се проговори за насилството и за злоупотребата врз децата - апелираат од „Меѓаши“.

Тие  нагласуваат дека покрај  СОС - линијата,  континуирано работи и бесплатната правна служба, која зависно од видот на проблемот постапува со писмени обраќања до различни државни институции.

Кампањата за помош на децата жртви на насилство ќе се врши и преку билборди, а еден ќе биде поставен и во Куманово.