Мени

За викенд дожд

03.09.2010 09:32 | KumanovoNews

 Денеска кон крајот на денот и утре ќе има зголемување на облачноста која ќе биде проследена со повремени врнежи од дожд и со ретка појава на грмежи.

За викенд дожд

 Во западните делови се очекува врнежите да бидат пообилни. Повремено ќе дува слаб до умере ветер од променлив правец.

Биометеоролошка прогноза

Во раните утрински часови луѓето чувствителни на временски промени ќе почувствуваат и сонливост, а кај некои пак ќе се појави и чувство на тежина во главата. Во претпладневните часови ќе дојде до смирување на симптомите.