Забрана за движење на тешки товарни возила кон Деве Баир
31.12.2014 11:35
| KumanovoNews
Од 8.30 часот утрово има забрана за движење на тешки товарни возила од Крива Паланка кон граничен премин Деве Баир.
Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека патиштата во нашиот регион се проодни и веќе нема отсечени села. Се чистат и патиштата кон планинските села. Сообраќајот се одвива бавно по влажни коловози поради остатоци од снег. Прекини во снабдувањето со електрична енергија не се регистрирани.