Забраната за движење низ шумите повеќе не важи
20.09.2012 07:42
| KumanovoNews
Владата ја укина забраната за движење низ шумите, која беше воведена заради превенција и заштита од пожарите.
Укинување на забраната уследи поради падот на темпратурите и намалувањето на опасноста од загрозување на шумите преку движење во нив.
Ова значи дека сега граѓаните ќе може слободно да се движат низ шумите, без барање на претходни одобренија како во време на важење на мерката.