Мени

Забрани за движење на камиони на планинските превои

02.02.2012 08:47 | KumanovoNews

 Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива во зимски услови поради врнежи од снег во земјава. Снегот се задржува на коловоз и го отежнува движењето на возилата.

Забрани за движење на камиони на планинските превои

 Ова особено се однесува за повисоките планински превои. Забрани за тешки товарни возила има на патните правци:Маврово – Дебар, Струга – Ќафасан, Струга – Дебар, Македонски Брод – Прилеп (планински превој Барбарас), потоа планинските превои Стража, Буково, Ѓавато, Плетвар и Пресека. За сите останати моторни возила задолжителна е употребата на зимска опрема.

На патниот правец Крива Паланка - Деве Баир воведена е забрана за тешки товарни возила, а зимската опрема е задолжителна за остнатите видови на моторни возила. Поради ниските температури на планинските превои, клисурите и мостовите можна е појава на голомразица. Посебна внимателност на патниот правец Дебар – Струга поради почеста појава на одрони.

До сите возачи препорачуваме исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини.

На граничните премини не се забележани подолготрајни задржувања.

Потсетување за возачите на нивната законска обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата која ќе трае до 15 март.