Зачестени инфаркти кај помлади луѓе
Во итната Медицинска помош во Куманово велат дека имаат зголемен обем на работа, а покрај повозрасните, се повеќе здравествени проблеми имаат и помлади луѓе.
Променливите времески услови негативно влијаат на здравјето на граѓаните. Во итната Медицинска помош во Куманово велат дека имаат зголемен обем на работа, а покрај повозрасните, се повеќе здравествени проблеми имаат и помлади луѓе.
Најчесто интервенираме заради зголемен крвен притисок. Како последица на тоа често се случуваат изливи, а во последно време зачестени се инфарктите и тоа кај помлади пациенти. Поради тоа треба да се внимава на здравјето, бидејќи границата се поместува. Не треба само старите луѓе да го контролираат здравјето, туку и помладите редовно да контролираат гликемија, холестерол и крвен птитисок за не дојде до некои несакани последици по нивното здравје- вели Валентина Тодоровска-Трајковска докторка во Итната медицинска помош.