Зачестени заразните проливи кај децата
Во летниот период кај децата од предучилишна возраст се јавуваат бактериски вируси.
Месецов околу 200 деца се јавиле на лекар поради чести повраќања и пролив, а како симптом честопати се јавува и покачена температура.
Во јуни има евидентирано 194 деца кои имале пролив, а во мај 155 деца се донесени поради истите причини на лекар. Заразните проливи се број еден бидејќи се појавуваат многу често. Овошјето и зеленчукот секогаш не се добро измиени, а децата си играа на надвор каде хигиената не е на високо ниво. Се пие почесто вода, се разредува желудочниот сок. Бактериите не можат да бидат уништени во желудникот и доаѓа до проливи, повраќање. Над 50 одсто од болните се деца. Многу ретко вакви проливи има кај постари и тие не ни доаѓаат на лекар, туку земаат линекс или нешто друго во домашни услови, сами се лекуваат - вели Предраг Ѓорѓиевски, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Куманово.
Тој советува за да нема посериозни последици, родителите штом ќе забележат дека децата неколку пати дневно имаат пролив да побараат помош од лекар и да примаат терапија. Ѓорѓиевски објаснува дека на овие деца им треба рехидратација за да се освежат.