Мени

Заев во посета на Тоде Мендол

11.05.2015 17:31 | KumanovoNews

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска ги посети жителите на населбата Тоде Мендол каде пред два дена се водеа вооружени дејствија.

Заев во посета на Тоде Мендол

Заев вели дека власта иако пред осум месеци имала информации дека криминална група е на територија на Македонија, не преземала мерки и со тоа дозволи да има човечки жртви. Тој се заблагодари на безбедносните сили, но и пред се на населението кое е сплотено.

 Дозволиле криминални групи да влезат во ова густо населено место. Ова е само уште една причина оставките брзо да се поднесат во Македонија и сите заедно да веднаш се зафатиме  со организација на подобар живот за сите граѓани. Техничка или преодна влада која ќе ги нормализира состојбите, со состав од сите етнички заедници. Да подготви за 6 до 9 месеци слободни избори, на кои граѓаните после 9 години ќе си ја кажат слободната волја - кажа Заев.

Заев кажа дека вечерва партиските органи ќе одлучат кога ќе биде објавена следната „бомба“, но ништо нема да биде сокриено и граѓаните ќе ја дознаат вистината за Македонија.