Мени

Законот за млади не смее да го одмине Куманово

14.12.2011 15:00 | KumanovoNews

  Организаторите на широките национални дискусии за носење на Закон за млади не ги вклучиле младите од Куманово во јавната дебата.

Законот за млади не смее да го одмине Куманово

 Поради тоа членовите на Центарот за меѓукултурен дијалог се револтирани од таквиот однос, и  се сомневаат дека финалната верзија на законот ќе донесе подоврување на младинското организирање и делување.

Центар за меѓукултурен дијалог како најголема младинска организација која за квалитетот на својата работа е меѓународно ценета и признаена, нема да дозволи младите од Куманово за кои постоиме и работиме, да бидат оставени настрана од овој процес. Сметаме дека Куманово има што да понуди во предлози за уредување на законот за млади. Да ве потсетиме – МултиКулти е најголем и најорганизиран систем на квалитетна младинска работа што некогаш се водел во некоја заедница во Македонија. Куманово наскоро ќе има и демократски совет на млади и Куманово е една од првите општини што доби стратегија за млади- се вели во соопштението на Центарот за меѓукултурен дијалог.

 Од таму ги покануваат сите претставници на младински организации, младински неформални групи, фолклорни и останати културно уметнички друштва, политички подмладоци, навивачки групи, религиозни групи, спортски клубови за млади и сите останати форми на младинско организирање да бидат гласни во искажување на нивните идеи за новиот Закон за млади со цел тој да биде квалитетен и достоен за сите млади.

Центар за меѓукултурен дијалог  е подготвен да организира консултативен состанок и дискусија во МултиКулти младинскиот центар – Тоде Мендол и очекува сите млади да застанат во одбрана на вистинското учество.