Мени

Запален смет во месноста Багрем Бања

29.06.2015 09:09 | KumanovoNews

Во текот на вчерашниот ден гореше запален смет во месноста Багрем Бања.

Запален смет во месноста Багрем Бања

Територијалната противпожарна единица Куманово интервенирала од 13.50 до 14.55 часот, со едно противпожарно возило и тројца пожарникари. Во пожарот не е предизвикана поголема материјална штета. Со почетокот на летната сезона зачестија пожарите на сува трева во Куманово и околината.