Запалени две комбиња
Се претпоставува дека причина за пожарот е незавршена пресметката на двете семејства кои пред неколку дена се спукаа со автоматски пушки поради имот во кругот на поранешната фабрика.
Вчера на паркингот пред поранешената фабрика „Киро Фетак„ биле запалени две комбиња сопственост на газдите на ресторанот „Дрини„ од селото Слупчане.
Неофицијално дознаваме дека пожарот бил подметнат и предизвикан со молотов коктел, поради што целосно изгореле возилата. Се претпоставува дека причина за пожарот е незавршената пресметката на двете семејства кои пред неколку дена се спукаа со автоматски пушки поради имот во кругот на поранешната фабрика. Тогаш беа изрешетани 6 автомобили.
Осомничените за пукањето викендот беа приведени, а истражен судија им одреди куќен притвор што предизвика негативни реакции кај кумановската јавност.