Мени

Запленети шест компјутери од кумановски фирми

10.10.2012 13:28 | KumanovoNews

  Координативно тело за заштита на приватна сопственост во соработка со УЈП и полицијата, спроведе контрола во десет фирми во Куманово со цел да открие дали се почитуваат авторските права и правата од индустриската сопственост.

Запленети шест компјутери од кумановски фирми

По добиени пријави исконтролиравме шест правни субјекти во делото на геодетска дејност. Тие се проверени во насока дали имаат лиценциран софтвер или немаат. Од тие шест, четири се исправни, значи свеста е подигната за заштита, почитување на авторските права. Од страна на инспекторите ќе бидат поднесени кривични пријави. Тоа се „Гео Павловски ДООЕЛ„ и „Гео АМЈ ДО„. Беа исконтролирани три кабловски телевизии: „Мултимедија„, „К-Нет„ и „ФМ Систем„. Од три оператори се исклучени пет канали и Министерството за култура поднесе пријави. „К-Нет„ работи согласно законот. Повреда на индустриската сопственост има во “Еда Фарм“ каде е пронајден компјутер без лиценциран софтвер и тој е одземен - вели Мите Костов, претседател на Координативно тело за заштита на приватна сопственост.

Вакви акции се спроведуваат во цела Македонија. Казните се движат од 3.000 до 10.000 евра. Костов вели дека пиратеријата од 90 отсто во последните четири години е намалена на 52 отсто, што претставува напредок. Координативното тело за заштита на приватна сопственост соработува со 11 институции вклучувајќи ги УЈП, МВР, Царина, Министерство за економија, Министерство за култура и други.