Мени

Започна вакцинацијата против сезонски грип

12.10.2010 15:59 | KumanovoNews

Во Центарот за јавно здравје започна имунизацијата против сезонски грип. Набавени се 2.500 вакцини за регионот на Куманово, Кратово и Крива Паланка.

Започна вакцинацијата против сезонски грип

Располагаме со доволни количини кои беа доволни и за мината година. Вакцинацијата ја препорачуваме на хронично болните со срцеви и белодробни заболувања, дијабетичари и оние на кои им е нарушен имунолошкиот систем, малите деца над 6 месеци по препорака на лекар, здравствените работници, но и луѓето кои работат во јавната администрација, вели др. Јадранка Стојмановска раководител на епидемиолишката служба во Центарот за јавно здравје.

Заинтересираните граѓани ќе може да се вакцинираат во Центарот за јавно здравје секој ден од 8 до 15 часот. За имунизацијата не треба упат од метичен лекар, а задолжителниот преглед го врши лекар во центарот. Цената на една вакцина чини 400 денари исто колку и минатата година.