Засадени дрвца во дворот на “Киро Бурназ“
08.11.2012 11:35
| KumanovoNews
Ученици од Земјоделското училиште “Киро Бурназ“ вчера по повод Денот на акција, засадија дрвца и цвеќе во дворот, а потоа се одржа и трка со велосипеди.
Дваесет ученика со наставниците Виктор Попглигоров и Весна Трајковска го подготвија теренот, копаа дупки, ја израмнија земјата и засадија неколку дрвца во училишниот парк. Тие засадија сезонски цвеќиња и го чистеа дворот од отпадоци и суви лисја. Беше организирана и велосипедска трка на која учествуваа 17 ученика. Се возеше од зградата на училиштето, до главата улица и назад - велат од училиштето.
Од велосипедистите победи Давид Стојковски, втор е Дарко Трајковски, а Мартин Димитриевски е трето пласиран на трката.