Заштитете ги милениците од болви и крлежи
Ветеринарите апелираат сопствениците да побараат стручна помош ако забележат дека нивните миленичиња имаат крлежи или болви. Исто така во овој период важно е да се исчистат и внатрешните паразити.
Крлежите ги има на тревни површини, а мачките се преносители на болви бидејќи тие повеќе шетаат онаму каде има смет. Крлежите претежно се појавуваат кај кучињата. Ако навреме не се отстранат, тие предизвикуваат заразни болести. Се закачуваат на телото на домашните миленици, оставаат јајца, па се размножуваат мали крлежи кои можат да бидат опасни и за луѓето. Мачките ако имаат шуга, можат да ја пренесат на газдите - вели Никола Трајановиќ, ветеринар.
Тој додава дека крлежите можат да го ослабнат имунитетот на животните и да доведат до појава на вируси.