Затворени кафиќи во кои се пуши
24.01.2012 12:46
| KumanovoNews
Пазарната инспекција во текот на минатата недела затворила 10 угостителски објекти во градот, поради неправилности во работењето и не применување на законот за пуштење.
Кај дел од објектите се отстранети неправилностите и тие се повторно се отворени, а други ќе останат под клуч во наредните 15 и 30 дена. За прекршителите на законот се предвидени и парични казни.