Мени

Завеани десетина села во кумановско

02.02.2012 15:19 | KumanovoNews

 Десетина планински села во кумановскиот регион се отсечени од светот, по најновите врнежи од снег. Непроодни се патиштата кон селата Мглинце, Длабочица, Дејловце, Цветишница, Аљинце во општината Старо Нагоричане а непристапни се и планинските липковски села Гошинце и Лукаре.

Завеани десетина села во кумановско

Надлежните од Општината Старо Нагоричане се во постојана комуникација со жителите на планинските села и бараат помош од државните надлежни институции, бидејќи ако не се расчисти приодот кон селата ќе биде доведено во прашање и снабдувањето со храна  на луѓето што живеат во завеаните села.

Истото се однесува и на општината Липково.

Патиштата кон пооддалечените кумановски села се проодни. Некаде е расчистено а во некои села како што се Бељаковце,Косматац, Кучкарево и Пезово се уште се чека машините да излезат на терен.

И покрај снежните врнежи учениците од општината Куманово утринава навреме стигнаа во училиштата.

Во Куманово поголем дел од локалните патишта се проодни, бидејќи фирмите задолжени за зимско одржување на улиците фрлиле  70 тони сол на улиците.