Завеани села на границата со Србија
30.01.2012 15:53
| KumanovoNews
Последните врнежи од снег ги отсекоа од светот планинските села Длабочица, Дејловце, Буковљане, Мгленце, Цветишница, Аљинце, Брешко и Дренак.
Веќе 5 дена жителите на овие села се завеани. Екипи од Општината Старо Нагоричане со тешка механизација секојдневно се обидуваат да ги расчистат локалните патишта, но велат дека засега оди тешко.
Денеска се работи на патниот правец кон селото Длабичица и Дејловце за да им овозможиме на луѓето да стигнат до продавницата. Состојбата будно ја следиме и редовно пријавуваме во Центарот за управување со кризи - вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ.
Метеоролозите најавуваат од утре нови врнежи од снег.