Мени

Заврши “Школата за мултикултурализам“

30.05.2012 11:17 | KumanovoNews

 Четири невладини организации партнери меѓу кои “Коло на српските сестри“, хуманитарно здружение “Мајка“, здружение на жени “Сирма“ и организација на жени “Кумановка“ деновиве организираа семинар на кој учествуваа ученици од сите средни училишта во градот.

Заврши “Школата за мултикултурализам“

Од секое училиште имаше по пет ученика и еден професор. На работилницата се говореше за тимската работа, лидерството, личниот идентитет, разрешување на конфликти. Наскоро сите креативни изразувања на учениците ќе бидат содржани во една брошура, а ќе се оддржи и заеднички форум.

Треба во секое училиште да се формира јадро кое ќе реагира при конфликтни ситуации. Младите треба да научат како да делуваат при конфилкти. Ваква обука прв пат се организира во град Куманово низ три модули - рече Живка Христовска, претседател на “Коло на српските сестри“.

Семинарот има за цел да ги подучи младите на соживот, разбирање, преговарање и почитување на различните културни вредности.