Заврши учебната година
Денеска е последниот училишен ден од оваа учебна година. Се распуштаат 11 512 ученици од шеснаесет основни училишта во Oпштина Куманово, а од петте средни училишта се распуштаат 6 632 ученика.
Наставниците продолжуваат со работа до крајот на месецот. Имаат административни работи, има наставнички совети, треба да поделат сведителства. Персоналот освен наставниот дел го завршува и стручниот дел од работата. Практично од 5 јули до 15 август тие се на одмор. Околу 20 август ќе биде и третиот уписен рок - вели Миле Стојменовиќ, раководител на сектор за образование во Oпштина Куманово.
Во текот на зимата поради ниските температури наставата беше прекината. Во саботите децата ги одработија заостанатите часови и никакво пролонгирање на учебната година нема да има.