Мени

Завршува учебната година

10.06.2010 10:11 | KumanovoNews

З а околу 14,5 илјади ученици од Кумановско, од кои 12.488 илјади основци и 7291 илјада средношколци, денеска завршува учебната година.

 
Завршува учебната година

 На завршените 1453 осмооделенци им претстои запишување во средните училишта. Првиот (јунски) уписен рок е на 17-ти и на 18-ти месецов.

1737 матуранти ќе полагаат државна матура, која е услов да продолжат со високо образование. Првото запишување на факултетите е во август.

Во Македонија  учебната година ја завршија околу 320 илјади ученици, од кои 225 илјади основци и 95 илјади средношколци.

 Новина во учебната 2009/2010 година беше проектот бесплатни учебници. Од 2010/2011 ќе бидат воведени Етика - како задолжителен предмет во шесто и изборниот Етика на религиите или Култура на цивилизациите во петто одделение.

За студентите кои ќе се запишат во прва година износот за самофинансирање е намален. Досега највисокиот од 1.200 евра ќе биде 400 евра.