Мени

Здравствен дом набави две нови возила

24.09.2014 09:32 | KumanovoNews

Здравствен дом Куманово неодамна набави две нови возила “лада нива“ за што се потрошени 1.050.000 денари од буџетот на установата.

Здравствен дом набави две нови возила

Овие две возила ќе се користат за посета на планинските села.

Набавивме две нови возила за теренот што го покрива Здравствен дом, а  тоа е козјачкиот крај, Старо Нагоричане, липковскиот крај. Терени каде што лесните возила во зимски период потешко можат да дојдат за да извршат вакцинација и други задачи. Возниот парк за разлика од пред повеќе години сега е добар. Воведовме пракса возилата повеќе од пет години да не ги користиме и ги продаваме на лицитација - изјави Миомир Панковски, директор на Здравствен дом Куманово.

Здравствен дом располага со вкупно 15 возила од кои повеќето се нови.