Здружението на глуви и наглуви на нова локација
07.08.2012 11:33
| KumanovoNews
Наскоро Здружението на глуви и наглуви од улицата “Братство Единство“ ќе се пресели на „Трета МУБ“. Стариот објект ќе биде заменет за посовремен простор.
Оваа зграда е стара 40 години и досега не била реновирања. Баравме донации, но никој не помогнал. Имаме и клуб за глуви и наглуви и секој петок тука е полно. Сме пробале да издаваме дел од просторот под кирија, но имаме проблеми со наплата. Сега правиме замена со АД “Козјак“ и новите канцеларии ќе бидат на улица “Трета МУБ“ - вели Драган Деспотовски, секретар на Здружение на глуви и наглуви.
Преселувањето ќе биде деновите, а редовните стотина членови навремено ќе бидат известени.