Мени

Здружението на Хрвати огранок Куманово ќе бира претседател

24.03.2015 11:08 | KumanovoNews

Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во четврток во 19 часот, Здружението на Хрвати огранок Куманово ќе одржи редовно изборно собрание.

Здружението на Хрвати огранок Куманово ќе бира претседател

Членовите ќе бираат претседател, а единствен кандидат за оваа позиција е актуелниот претседател Иван Шеркиниќ.

Ќе дадеме извештај за она што досега е сработено, ќе биде усвоен финансиски извештај, и план за работа за 2015 година. Ги повикуваме сите членови, па и граѓани да дојдат и да присуствуваат на изборното собрание - кажа Шеркиниќ.

Заеднички членовите на огранокот ќе дадат насоки како понатаму да функционира Здружението на Хрвати.