Земјоделците ќе посетат саем во Нови Сад
15.04.2015 12:45
| KumanovoNews
Кумановските земјоделци на почетокот на мај , ќе посетат меѓународен саем во Нови Сад, Србија.
На саемот ќе биде презентирана механизација, земјоделска храна, ќе има предавања и слично.
Ова е еден од најголемите и најпосетени саеми на Балканот. Ние го посетуваме традиционално овој саем 18 години по ред. Саемот трае неколку дена, а ние два дена ќе присуствуваме на оваа манифестација. Засега има интерес од земјоделците, доаѓаат, се пријавуваат - вели Момчило Трајковски, претседател на Здружение на земјоделски производители Куманово.
Сите заинтересирани можат во просториите на Здружението на улица „Доне Божинов“ да се пријават за посета на саемот.