Мени

Земјоделците од Клечовце бараат оштета за уништениот род

11.05.2012 10:37 | KumanovoNews

 Минатата недела пороен дожд со град го зафати селото Клечовце и ги оштети земјоделските површини.  Најмногу штета е предизвикана на лозовите насади и житариците.

Земјоделците од Клечовце бараат оштета за уништениот род

70 проценти од лозјата се уништени, а помала штета е предизвикана кај житните култури. Лани во јуни имаше обилен дожд и град, во околните села исто така имаше големи штети, а досега ништо не ни е исплатено- се жалат земјоделците.

Последниве три години државата препорачува земјоделците да ги осигуруваат имотите од невреме за да ги наплати штетите. При тоа 60 проценти од осигурувањето го покрива државата, а останатите 40 одсто самиот земјоделец.

Овде се работи за индивидуални земјодеци кои немаат фирми. Но земјоделците не се осигуруваат, немаат навика. Комисија не е формирана и на терен нема да се оди. Мое мислење е дека ништо нема да биде исплатено за штетата- вели Стојко Ивановски, секретар во Здружение на земјоделски производители Куманово.

Според Ивановски, вината делумно е и во УХМР кои можат да ги предвидат и со испукување на ракети да ги ублажат временските неприлики. Во последниве години од УХМР не преземаат вакви превентивни мерки.

Земјоделците побарале од Општината да бидат обештетени, но централната власт треба да одвои сретства за таа намена.