Мени

Земјоделците се почесто садат сончоглед

24.05.2012 10:57 | KumanovoNews

 За разлика од претходните години, годинава во кумановско има повеќе површини засадени со сончоглед и пченка.

Земјоделците се почесто садат сончоглед

 Ова е резултат времеските услови, но и на добрата откупна цена за сончоглед лани. Поради сушата, многу земјоделци не ги изорале и посеале нивите навреме и затоа се одлучиле да засадат повеќе сончоглед.

Сончогледот не бара многу работа и многу влага не му е потребна. Родот не може да се предвиди каков ќе биде годинава. Лани килограм сончоглед се продаваше за 26 денари, што не беше случај претходните години кога максимална цена беше 23 денари. Се откупува во Велес обично сончогледот за во маслодајна индустрија, а во Штип па се увезува - велат земјоделците.

Меѓу земјоделците има и такви кои повеќе од 4 хектари засадиле со сончоглед.