Мени

Земјоделците се вратија од саемот во Нови Сад

17.05.2012 08:07 | KumanovoNews

 Над 50 земјоделци од кумановско, организирано го посетија Саемот за земјоделство во Нови Сад што се одржа минатат недела.

Земјоделците се вратија од саемот во Нови Сад

Таму имале можност да видат најсовремени машини, винарии, капацитети за млеко, хибридни семиња, а присуствувале и на предавања за начинот на производство на одредни култури. Дел од нив набавиле и делови за нивната земјоделска механизација.

Не сите машини кои таму беа презентирани можат овде да се употребат бидејќи се многу големи и се за комбинати, односно блокови какви што имало порано. Тоа не е за наше поднебје, но сепак имаше многу убави работи да се видат на огромна површина. Имаше трактори италијански, руски, германски. Присутни беа луѓе од Валандово, Прилеп и од Земјоделското училиште наше имаше професори - вели Стојко Ивановски, секретар на Здружение на земјоделски производители Куманово.

Повеќето земјоделци од кумановско заминале организирано, но имало и заинтересирани кои самоиницијативно отпатувале во Нови Сад.