Земјотрес во Скопје
08.02.2012 09:50
| KumanovoNews
Во Скопје утринава во 8 часот и 4 минути е почувствуван земјотрес со јачина од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно - математичкиот факултет соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во Скопје.
Земјотресот се почувствува и во Куманово.