Мени

Жените од ВМРО-ДПМНЕ украсуваа јајца

10.04.2015 11:10 | KumanovoNews

Членките на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово синоќа организираа работилница за подготовка на велигденски јајца.

Жените од ВМРО-ДПМНЕ украсуваа јајца

Во понеделник ќе ги однесат на лицата сместени во Домот за стари лица “Зафир Сајто“ и ќе им го честитаат празникот.

Ние често имаме активности, и по повод Велигден за да ја испочитуваме традицијата и обичаите подготвивме велигденски јајца. Учествуваа повеќе жени и за да направивме нешто добро, одлучивме јајца да однесеме во Домот за стари лица „Зафир Сајто“. Ќе однесеме јајца колку што има корисници-изјави Емилија Трајковска, претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.

Жените од ВМРО-ДПМНЕ ги покажаа своите вештини и идеи за украсување на велигденски јајца