Жените пензионерки изработуваат ракотворби
Жени пензионерки плетат, везат, изработуваат елементи од народни носии и костими кои ќе ги користат во драмската и играорната секција.
Членките на Активот на жени прават чорапи, појаси, скутници. Еднаш месечно тие се состануваат и изработуваат украси кои потоа ги даваат на подарок или ги користат за свои потреби.
Ние и порано сме правеле бардиња украсени, тетратки со омот украсени, сме ги давале на подарок. Кога бевме во Лесковац дадовме слика, подарок од наш аматер уметник. Од пензионерите за пензионерите. Работилницата постои поодамна, но како што се наметнува темпото на останатите секции, така и ние се приклучуваме - рече Славица Ламбраша од Здружение на пензионери Куманово.
Жените обично работат во попладневните часови.Тие практикуваат да изработуваат и сценски елементи за драмите кои ги изведуваат.