Жештините неподносливи и за домашните миленици
Вработените од Ветеринарна станица Куманово апелираат до граѓаните миленичињата да не ги изложуваат на високи температури и да избегнуваат шетање напладне. Тие велат дека топлотниот бран може да има последици по здравјето на животните.
Лајшманија е честа дијагноза кај милениците. Актуелни се заразните болести кои животните ги добиваат од крлежите и од убодите од комарци. Може заболувањето да се пренесе и на луѓето. Ако не се лекува лајшманијата може да има и смртни последици. Дневно примаме до десетина домашни миленици, но нивните проблеми се различни - раскажуваат ветеринарите.
Постојат 30 видови лајшманија. Кај заразените кучиња се јавува опаѓање на влакната и воспалување на слузокожата кај очите. И милениците можат да добијат сончаница и затоа пожелно е да бидат под сенка , а водата за пиење често да им се менува.