Мени

Жетвата почна, приносите слаби

04.07.2012 09:37 | KumanovoNews

 Во тек е жетвата, а земјоделците се жалат на ниските приноси. По хектар се добиваат најмногу два тони јачмен, а претходните години од истата површина се собирале и по пет тони јачмен.

Жетвата почна, приносите слаби

Може да се каже дека за 70 до 80 отсто има послаб род годинава. Во сите села жетвата е почната. Комбајнерите ни кажуваат дека житариците се катастрофални. Земјоделците од овој крај не извезуваат, туку за домашни потреби ги користат јачменот и пченицата. Тие ќе бидат принудени да купуваат житарици што е оптоварување за нив и може да доведе до намалување на сточниот фонд. За тоа ќе чекаме до есен да се собере родот од нивите - вели Стојко Ивановски, секретар во Здружение на земјоделски производители Куманово.

Цената по која житариците ќе се продаваат не е дефинирана. Мелничарите и производителите ќе се договараат за цената, но годинава Македонија нема да се соочи со недостиг од пченица. Ова беше потенцирано од надлежното министерство кое очекува да откупи 150.000 тони од домашните количини на пченица.