Зголемено миење на улиците во однос на лани
Ова лето ЈП“Чистота и зеленило“ за разлика од лани има трипати повеќе работа што се однесува до миење на улиците. Во централното градско подрачје улиците од прва зона се мијат еднаш неделно, а улиците од втора зона се мијат два пати месечно.
Улиците од трета зона се мијат поретко, по потреба.
И претходните години сме имале ваква акција, но од многу помал обем. Се мијат улиците за да нема прашина. На терен работиме со три цистерни и 20 вработени. Се оди и во приградските населби, но не многу често. Ова не ни е обврска, го правиме на наша добра волја - објаснуваат од ЈП“Чистота и зеленило“.
Граѓаните ги поздравуваат ваквите акции бидејќи за нив приоритет е хигената на градот.
Најмногу треба да се внимава на центарот на градот, на тие улици каде има фреквенција, има народ. Нека чистат спрема можностите. Колку ќе стасаат толку, па ако се може нека ги перат и улиците во околните населби . Ќе нема ѓубре, ќе нема прашина - вели Мустафа Енер од Куманово.
Акцијата за миење на улиците е почната кон крајот на мај.