Мени

Зимата денеска започнува и календарски

20.12.2009 23:00 | KumanovoNews

Денеска во 17 часот и 46 минути по македонско време на Северната земјина полутопка календарски почнува зимата во 354-от ден на годината. Таа ќе трае точно 88,99 дена, а ќе заврши на 20 март идната година, во 17 часот и 32 минути, кога ќе настапи пролетта.

Зимата денеска започнува и календарски

Причина за смената на годишните времиња е аголот што земјината оска го зазема во однос на замислената рамнина по која Земјата ротира околу сонцето. Токму во дадениот час денеска Јужниот пол ќе биде најблиску кон Сонцето, а сончевите зраци врз т.н. зимски повратник ќе паѓаат под прав агол. Интересно е да се истакне дека првиот ден на зимата, кога денот е најкраток, вообичаено не е и најстудениот ден во годината. Иако во текот на зимата што настапува тој е се подолг, сепак потребно е одредено време за земјината атмосфера да се излади. Сонцето ќе биде оддалечено од Земјата 147 милиони километри, а на светлосните зраци за да ја минат таа оддалеченост им требаат 8 минути и 10,9 секунди

Инаку, во истото време за жителите на Јужната земјина полутопка настапува летото.