Зимски распуст од понеделник
29.12.2011 08:57
| KumanovoNews
Oсновците и средношколците од понеделник се на зимски распуст. Распустот ќе трае до 20-ти јануари, кога почнува второто полугодие.
Министертсвото за образование соопшти дека оваа учебна година нема да се спроведе екстерното тестирање за проверка на објективноста на наставниот кадар и реалното знаење на учениците, бидејќи електронскиот систем за спроведување на тестирањето е се уште во подготовка. За проверка на неговата функционалност ќе се спроведе пробно екстерно тестирање.