Мени

Жители од Карпош бараат асфалтирање на улица

12.03.2010 16:08 | KumanovoNews

Жителите од улицата „40“  во населбата „Карпош“ денеска со протест го изразија нивното незадоволство што со децении наназад немаат канализација и асфалтирана улица. Тие бараат од општинските власти улица да влезе во годишната програма за реконструкција и што побрзо да да добие асфалт.

Жители од Карпош бараат асфалтирање на улица

Градоначалникот Зоран Дамјановски, денеска ги посети жителите и им објасни дека наскоро ќе биде решен нивниот проблем.

Тендерот веќе е распишан и се чека на најдобрата понуда.За оваа улица ќе се одовојат околу 150.000 евра и таа ќе биде изградена по сите стандарди. Општината од буџетот издвоји 120 милиони денари за изградба на нови улици и 20 милиони за реконструкција на постоечките. Во таа програма е влезена и споменатата улица - рече градоначалникот.

Со создавањето на временските услови ќе започне довршување на улиците кои се почнати минатата година, а се чека завршување на тендерската постапка за започнување на реконструкцијата на други улици.