Мени

Жителите на Гладно поле бараат нумерирање на улиците

16.06.2015 12:48 | KumanovoNews

Ненумерирани се улиците во населбата Гладно поле, со што 400 семејства се водат или на стара адреса или на улица „Ѓорче Петров“ бб.

Жителите на Гладно поле бараат нумерирање на улиците

Оваа состојба на граѓаните секојдневно им создава проблеми и на дел од нив сметките им стигаат на старата адреса. Бараат надлежните од општина Куманово што поскоро да ги нумерираат нивните улици, бидејќи комуналиите им се уредно платени, а со години чекаат нумерирање на улиците каде живеат.

За некои работи поштарите не научија, а за некои не. Во општина Куманово неколку пати ургиравме и се не лажат, оваа година ќе биде, а поминаа шест или седум години, а тука сме десет години. Немаме ни улица ни број. Ако сакаш некој документ да извадиш, нема на основа на што да го извадиш. Да појдам во град, ќе ме сретне полиција, а јас се водам на стара адреса иако не живеам таму. Што имам јас со старата адреса, кога таму не живеам десет години - објаснува Слободан Павловски, граѓанин.

И неговите соседи го потврдуваат истото и бараат под итно нумерирање на улиците. Кога имаат потреба од Брза помош, овие луѓе им објаснуваат на екипите да дојдат кај црквата во близина  или ги чекаат на улица, бидејќи адреси немаат или се повеќемина на иста адреса заведени.

Ги чекаме на улица или по црква се ориентираме. Откако сме населени немаме адреса, а има три-четири години. Голем број куќи сме тука. Поштарот некои не знае, а ако не знае му објаснуваме кој каде живее - вели Марина Георгиевска, граѓанин.

Од секторот за урбанизам во општина Куманово објаснуваат дека постапката за нумерирање на улици е во тек, и овој проблем во догледно време ќе биде решен.