Мени

ЗНМ на 11 декември ќе бира ново раководство

25.11.2010 09:47 | KumanovoNews

 Изборното собрание на ЗНМ ќе се одржи на 11 декември во 10 часот.

ЗНМ на 11 декември ќе бира ново раководство

 Сите новинари кои сакаат да се зачленат во ЗНМ пред Изборното собрание овој пат тоа може да го сторат до 3 декември. Неопходно е новинарите да имаат минимум една година работно искуство, подготвена кратка автобиографија, како и документ од работната организација со печат и потпис.

На денот на собранието да се кандидираат кандидати за претседател на ЗНМ и раководни тела.

 Македонската јавност мора да ја врати довербата во медиумите и новинарството. Очекувам поголем број заинтересирани на 11 декември, да победи демократијата и повторно да покажеме високо ниво на достоинство,изјави актуелниот претседател Роберт Поповски.

На 20 ноември собранието беше откажано поради големиот број новопријавени кандидатури за членови на ЗНМ и нелегални пријави на денот на изборот кога требаше да се изгласа ново раководство - претседател, Управен и Надзорен одбор, како и Совет на честа.