„Зошто (не) го изедов татко ми“ игра во кино „Козјак“
21.04.2015 14:45
| KumanovoNews
Францускиот анимиран филм за деца „Зошто (не) го изедов татко ми“ на Жамел Дебуз, деновиве игра во кино „Козјак“.
Термините кога ќе се прикажува филмот, се договараат зависно од интересот на основните училишта.
Се работи за француски филм, комедија која има синхронизација на македонски јазик. Организирано доаѓаат ученици за да го гледаат филмот. „Зошто (не) го изедов татко ми“ зборува за еволуцијата на човекот - вели Мирослав Крстевски, управител на кино „Козјак“.
Досега ученици од неколку кумановски основни училишта го погледнаа филмот.