Мени

Зошто во сите села нема доктори во амбулантите?

29.02.2012 09:52 | KumanovoNews

 Ова прашање стана актуелно овие неколку зимски месеци кога од студот и непроодноста или тешката проодност на патиштата кон градот, жителите на кумановските села не можеа да добијат здаравствена заштита.

Зошто во сите села нема доктори во амбулантите?

Со реформите во здравството кои стартуваа 2004 година, а завршија кон средината на 2006 година настана приватизација на сите општи доктори т.е. станаа матични доктори. Докторите кои дотогаш работеа во јавно или државно здравство во ординациите во кои беа затечени, поминаа во приватизација со концесионирање т.е. ги зедоа под закуп државните ординации по одредена цена. Амбулантите кои ги има во селата на општина Куманово исто така беа дадени на оглас за концесионирање.

За жал поради слабиот интерес од страна на жителите кои живеат во селата да се запишат кај докторот кој концесионирал во нивното село, дел од докторите се откажаа од концесијата заради недоволен број на запишани пациенти и неисплатливост.Значи дел од причината за откажување на концесијата лежи и кај самите жители на селата, затоа што и покрај неколку месеци упорно убедување да го изберат докторот кој ја закупил амбулантата во нивното село, тие тоа го одлагаа или не сакаа да го сторат.

Втора причина е поради недоволниот број на жители во селото кои би биле потенцијални пациенти.

Трета причина е заминување на докторите на специјализација .

Деновиве ќе се дадат на оглас сите слободни селски и градски ординациии, се отвара можност за вработување на докторите, и можност жителите да го прифатат како нивен матичен доктор.

Концесионирањето е слободен избор и од страна на докторите и избор за матичен доктор од страна на жителите.

Според горе изнесеното сите критики упатени на сметка на менаџерскиот тим на Здравствениот Дом кој има надлежност над селските амбулти НЕ СЕ ОПРАВДАНИ, не постојат државни матични доктори од 2005 гододини кои би биле упатени на работа во селските амбуланти.

Можеби времето покажа дека дел од докторите со реформите требало да останат во јавното здравство со што би се вршела редовна здравствена заштита на овој дел од жителите, би имало кадри за обнова на потребни специјалисти и нови вработувања на млади кадри.

др.Миомир Панковски

директор на Здравствен дом

Куманово