Мени

Зошто замираат селата?

22.06.2012 08:47 | KumanovoNews

 На прсти можат да се избројат селата во кумановско каде има добри услови за живот, а населението не се иселува.

Зошто замираат селата?

Тука спаѓаат поголемите села како Пчиња, Агино Село, Романовце, Речица, Студена Бара и други. Но од друга страна има села каде куќите се празни и распаднати.

Запустувањето на селата идентично го толкуваат и етонолозите и лаиците, односно обичните граѓани. Тие велат дела проблем е што селата не нудат добри услови за живот, а оние кои живеат на село се принудени да се занимаваат со земјоделство или сточарство. За овие гранки преовладува мислење дека бараат макотрпна работа, а голема заработка нема.

Јас потекнувам од село Облавце, а живеам во населба Карпош. Во моето село има неколку млади луѓе, тие кои немале избор, немале каде да избегаат. Пусти се селата затоа што нема млад народ. Останале само стари луѓе по двајца тројца. Нема амбуланта, нема пат и нема можности за образование - раскажува Трајко Мишевски.

Хронолошки гледано најголема миграција село - град имало во шеесетите години на минатиот век. Етнолозите тврдат дека условите тогаш и во градовите и во селата многу не се разликувале и луѓето биле навиканти на скромно живеење.

Народот бега затоа што нема струја, вода, училишта и патишта. Некаде уште вода од бунари користат. Со индустријализација на градот бидејќи имало 11 или 12 фабрики луѓето доваѓале за да работат тука. Тогаш немало превоз и морале да се преселат. Можеле со 50 денари да дојдат и да се вработат, а сега во некои села еве како што е Речица, не мора да се сместуваат во Куманово, туку патуваат до работа - изјави Милица Пешевска Николовска, етнолог.

Околината на Куманово има над 60 села. Длга е целосно иселено село, а тоа го покажува и последниот попис спроведен во 2002 година. Селото Винце има само 90 жители, Карабичане има 43 жители, Шупли Камен 81, Сушево 34. Поголемите села како Пчиња имаат по 793 жители, Агино Село има 965, Биљановце 1231 жител и слично.