Мени

Жртвите електронски ќе ги пријавуваат насилниците

02.11.2012 10:52 | KumanovoNews

 СОС Куманово подготвува веб сајт преку кој жртвите ќе можат да ги пријават насилниците.

Жртвите електронски ќе ги пријавуваат насилниците

Во нашиот тим имаме психолог, педагог и теолог. Сакаме на жртвите да им даваме конкретна помош и поддршка. Неодамна направивме хуманитарна акција за жртви на насилство од село Клечовце, бидејќи порано Клечовце било општина. За да го заштитиме идентитетот на децата , имавме договорено жена која им подели храна, облека - рече Соња Арсовска, застапник на СОС Куманово.

Од 25 месецов почнува кампања за борба против насилство која ќе трае до 10 декември.