Изборната кампања само што започна и веднаш, уште од првиот ден, кога се работи за целокупната политичка понуда и сите партии и коалиции кои се натпреваруваат на овие избори, можете да видите со кого си имате работа.
Во кампусот на албанските политички партии, освен ДУИ која со својата реторика се однесува како ''увреѓена љубавница'' затоа што некој друг надвор од нивниот простор се обидувал да добие и албански гласови,а они мислеле дека они имаат инокосно право на тоа. Со самото такво однесување наместо да прогресираат, тие уште повеќе се дават во сопствената кал и се ''лепат'' на ДПМНЕ со двокомпонентен лепак кој никогаш после нема да можат да го симнат од себе. Тука е и ДПА и нивниот навистина веќе досаден лидер Тачин, у слободно време викан ''веран до гроба'', кој 15 години не може да го победи ДУИ и сеуште е упорен дека тие му се најголем противник. За жал, најголем противник на ДПА е токму нејзиниот лидер кој и сега ќе помине катастрофално само затоа што не сака да прифати дека само неговата приватна ДПА уште нема направено никаква ''катарза'' во своето повеќе од 20-годишно постоење, од отцепувањето од тогашната ПДП и сеуште постои како опција од минатиот век. Овде мора да се истакне дека после величенствениот собир во салата ''Борис Трајковски'', новата БЕСА веројатно ќе биде најголемото изненадување на овие избори, а можеби и победник во тој таканаречен кампус на албански партии иако од она што додега го гледаме пред почетокот на кампањата и во првите два дена од истата, веројатно од граѓаните албанци сигурно гласови нема да добие единствено ДПМНЕ.
Кај македонските партии пак, сликата е скоро црно-бела. Имено, иако некакво освежување или можеби и успех е тоа што успеаја да ''се спојат'' Љубчо, Љубе и Стојанче во коалицијата ''ВМРО за Македонија'', и покрај нивната истрошеност, веројатно ќе успеат да ги освојат симпатиите на старите ''вмровци'' разочарани од дивеењето на ДПМНЕ во изминатите 10 години и од тој аспект коалицијата можеби е освежување, исто како и онаа предводена од Павле Трајанов и Јове Кекеновски особено од аспект што Павле ''изигра'' мудро и после она фантастично интервју на ТВ Телма во игра го ''уфрли'' својот стар пријател Слободан Богоевски ставајки го носител во ''4-ката'', изборната единица во која ќе се пресметуваат лидерите на најголемите партии.
Квалитативно, убедливо најголемиот исчекор го направи СДСМ со своите коалициони партнери, ставајки на своите листи покрај лидерите на партиите и луѓе од различни етнички заедници и луѓе од граѓанскиот сектор кои никогаши не се занимавале со политика и кои реално не ја познаваат технологијата на владеење па од тој аспект дозволено им е да кажат што мислат и да не калкулираат, така што реално е да се очекува дека оваа ''композиција'' може да ги придобие неопределените гласачи но и гласачите кои обично воопшто и не гласаат сметајки дека нивниот глас ништо нема да промени, но овој пат, тие гласови токму ќе ја донесат победата на опозицијата и конечно ќе стават крај на ова 10-годишно ''силување'' и на државата и на сите граѓани од страна на актуелната власт.
На крајот доаѓаме и до мојата омилена тема - ДПМНЕ-комуњарска ! Не случајно го избрав овој израз да ја именувам коалицијата на власт, затоа што од листите на овие господа, можете да донесете само таков заклучок. Имено, кандидатите од ДПМНЕ ни се добро познати ... како беше она - ''злосторничко здружение'' кое ја има направено најголемата штета на Македонија откако Македонија постои воопшто како поим. За 10 години успеаја државата прво да ја киднапираат, а потоа да ја исцедат, понижат, сотрат, а граѓаните да ги иселат. А не се сите толку лоши на нивните листи ... ја имате тука и Владанка Авировиќ за која немам доволно негативен епитет да и го ''залепам'', Змејковски-кој со сила го ставија у игра да биде котра-тежа на Љубчо, Тарчуловски-херојот кој не знам зошто е херој, лепотицата Рангелова која сама на себе на Фејсбук си коментира ''Браво Дани'' и еден куп безлични појави кои немаат што повеќе ни да кажат а камоли да понудат.
И таман кога ќе помислите дека нема каде да одат подолу, еве ви го првиот митинг, и оп ... џокерите ги вадат од ракав - Амди и Ѕинго. Првиот облекол бунда зашто така се осеќал као Доналд Трамп и зашто ''лидерот'' така му кажал, а другиот, за кого појма немам како успеаја да го доведат па уште и да го качат на говорница да ''млати празна слама'', он покрај Трамп веројатно се осеќа као Меланија. И ШТО ОЧЕКУВАТЕ ПОВЕЌЕ ОД ОВИЕ ЛИКОВИ ??!!! Амди и Ѕинго, со Грујо и компанија уште да решаваат за нашата судбина ? Ја викам гласно НЕ!
Виктор Божиновски Виктор Божиновски
*Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*